04.03.2020

НАШИТЕ СЕЛЕКЦИИ „ПОД 16“ ГОДИНИ, ДЕЛ ОД „РАЗВОЈНИОТ“ ТУРНИР ВО КОСОВО

Од 13. до 16. март, во главниот град кај нашиот северен сосед ќе се одржи првиот, од неколку планирани,турнири за кошаркар(к)и „Под 16“ кој е дел од проектот „Young Development Fund на ФИБА.

 

Две наши национални селекции, на играчи родени 2004 година и (помлади) во машка односно женска конкуренција во наредниот период ќе се подготвуваат за учество на првиот од неколкуте предвидени во текот на годината, „Девелопмент“ турнири кои се во организација на ФИБА.

Местото на одржување е Приштина, а периодот од 13. до 16. март. Место и време на кои нашите селекции ќе одиграат неколку натпревари со своите врсници од Романија, Бугарија, Турција и домаќинот Косово.

Согласно со распоредот кој го објави федерацијата домаќин – косовската, на 13. март, од 19.часот, ќе го отвориме турнирот со натпреварот против домаќинот.

Наредниот ден следуваат два натпревари. Од 12.часот, против селекцијата на Бугарија, додека од 19.часот ќе ги одмериме силите со националниот кадетски тим на Турција.    

Учеството на турнирот во главниот град на Косово ќе го завршиме на 15.март, кога од 12.часот ќе играме против Романија.

Истиот распоред важи и за натпреварите во женска конкуренција, во која оваа наша селекција од 14.кошаркарки ќе ја предводи Анета  Глигорова   

Машката селекција составена од 13.кошаркари пак ќе ја предводи Андреј Апостолски-Лечиќ, кој претходно беше со овој состав и на предновогодишниот турнир кој се одржи во Таргу Џиу во Романија. 

Тренинзите ќе се одржат во СРЦ Кале (Голема сала) Скопје. Првиот тренинг за женската селекција ќе биде на 9. март со почеток од 18.00 часот. Собирот на машката селекција е предвиден за 12. март, кога ќе биде одработен и првиот тренинг со почеток од 16.00 часот. 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА ТУРНИРОТ ВО ПРИШТИНА

МАЖИ

13.МАРТ

19.00: Косово – МАКЕДОНИЈА

14.МАРТ

10.00: Турција – Романија

12.00: МАКЕДОНИЈА – Бугарија

17.00: Косово – Романија

19.00: Турција - МАКЕДОНИЈА

15.МАРТ

10.00: Бугарија – Турција

12.00: МАКЕДОНИЈА – Романија

17.00: Бугарија - Косово

16.МАРТ

10.00: Бугарија – Романија

12.00: Турција – Косово

ЖЕНИ

13. МАРТ

19.00: Косово – МАКЕДОНИЈА

14.МАРТ

10.00: Турција – Романија

12.00:: МАКЕДОНИЈА – Бугарија

17.00: Косово – Романија

19.00: Турција – МАКЕДОНИЈА

15.МАРТ

10.00: Бугарија – Турција

12.00: МАКЕДОНИЈА – Романија

17.00: Бугарија – Косово

16.МАРТ

10.00: Бугарија – Романија

12.00: Турција – Косово

СПИСОК НА ПОВИКАНИ ИГРАЧИ – МАЖИ

Петар Башоски (Партизан Водно Санс-Скопје)

Гојчо Стефковски (Партизан Водно Санс-Скопје)

Виктор Стојковски ( Партизан Водно Санс-Скопје)

Петар Бошалески ( Работнички-Скопје)

Андреј Шошкиќ (Работнички-Скопје)

Рубин Стефанов (Римини-Италија)

Бојан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром-Скопје)

Борјан Ангелковски (МЗТ Скопје Аеродром-Скопје)

Ненад Благоевски (Академија ФМП-Скопје)

Теодор Гудев ( Ролинг 08-Струмица)

Тома Стојаноски (Гостивар-Гостивар)

Лука Димитриевски (Куманово 2009-Куманово)

Марко Трипуновски (Партизан-Белград-Србија)

СПИСОК НА ПОВИКАНИ ИГРАЧИ - ЖЕНИ

Мартина Маркоска (Бадел 1862-Скопје)

Мартина Блажевска (Бадел 1862-Скопје)

Дева Глигорова (Бадел 1862-Скопје)

Марија Николов (Бадел 1862-Скопје)

Ања Даниловска (Бадел 1862-Скопје)

Тамара Гилева (Вардар-Скопје)

Нина Зафирова (Вардар-Скопје)

Христина Ставревска (Вардар-Скопје)

Ана Ангеловска (Вардар-Скопје)

Елена Ангеловска (Патриот2016-Делчево)

Лиле Миткова (Трокал-Кавадарци)

Мила Велјановска (Струга 2009-Струга)

Михаела Алексовска (Крива Паланка)

Ксенија Петревска (Крива Паланка)