29.11.2020 Одложените натпревари ќе се одиграат в година Машката сениорска репрезентација ќе се врати од балонот во Талин без да одигра официјален натпревар како резултат на зголемен број на членови на делегацијата позитивни на COVID-19. Меѓународната кошаркарска федерација, ФИБА, земајќи ја предвид новонастанатата ситуација со особено внимание на безбедноста на сите учесници и спречување на понатамошно ширење на вирусот донесе одлука да ги одложи двата натпревара кои нашите репрезентативци требаше да ги одиграат вчера односно утре. Па така, сениорите ќе се вратат од Естонија без да настапат, а натпреварите против соодветната репрезентација на Италија односно Естонија ќе бидат одиграни за време на третиот и финален прозорец од овој евроквалификациски циклус, предвиден да се одигра во уште еден балон во февруари идната година.