23.11.2022 Натпреварот во Ловен е закажан на 24. ноември (четврток) со почеток од 20.30 часот. Македонската кошаркарска федерација ја продолжи соработката со медиумската ТВ куќа Sportklub. Согласно со тоа, и во наредниот период Sportklub ќе ги пренесува „во живо“ натпреварите и на женската сениорска репрезентација на Македонија во вториот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Евробаскетот во 2023 година. Во рамките на 3. коло од групата „А“, Sportklub ќе го пренесува натпреварот Белгија-Македонија кој ќе се игра на 24. ноември (четврток) со почеток од 20.30 часот, во „Спортплаза“ салата во Ловен. Предвидено е преносот од овој исклучително важен дуел на девојките во „црвено-жолта“ комбинација да се емитува на Sportklub 3 HD.