09.02.2023

Натпреварот во Сараево се игра вечерва, со почеток од 20 часот.

Натпреварот БиХ-Maкедонија, директно нa Sportklub 3 HD

Македонската кошаркарска федерација ја продолжи соработката со медиумската ТВ куќа Sportklub.

Согласно со тоа, и во наредниот период Sportklub продолжува да ги пренесува „во живо“ натпреварите и на женската сениорска репрезентација на Македонија во вториот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Евробаскетот во 2023 година.

Во рамките на 5. коло од групата „А“, Sportklub ќе го пренесува натпреварот БиХ-Македонија кој ќе се игра на 9. февруари (четврток) со почеток од 20.00 часот, во „Сабит Хаџиќ“ салата во Сараево.

Предвидено е преносот од овој натпревар да се емитува на програмата на Sportklub 3 HD.