12.11.2022

Вториот натпревар во Гевгелија е закажан за 13. ноември (недела), со почеток од 19. часот.

Натпреварот Maкедонија – Данска со директен ТВ пренос нa Sportklub 1 HD

Македонската кошаркарска федерација ја продолжи соработката со медиумската ТВ куќа Sportklub.

Согласно со тоа, и во наредниот период Sportklub ќе ги пренесува „во живо“ натпреварите на машката сениорска репрезентација на Македонија во вториот круг од претквалификациите за Евробаскетот во 2025 година.

Во рамките на 4. коло од групата „Д“, Sportklub ќе го пренесува и натпреварот Македонија-Данска кој ќе се игра на 13. ноември (недела) со почеток од 19.часот, во салата „26.април“ во Гевгелија.

Предвидено е преносот од овој важен дуел на „црвено-жолтите“ да се емитува на Sportklub 1 HD каналот.