08.11.2022 Првиот натпревар од планираните два во Гевгелија е закажан за 10. ноември (четврток), со почеток од 19. часот. Македонската кошаркарска федерација ја продолжува соработката со медиумската ТВ куќа Sportklub. Согласно со тоа, и во наредниот период Sportklub ќе ги пренесува „во живо“ натпреварите на машката сениорска репрезентација на Македонија во вториот круг од претквалификациите за Евробаскетот во 2025 година. Во рамките на 3. коло од групата „Д“, Sportklub ќе го пренесува натпреварот Македонија-Норвешка кој ќе се игра на 10. ноември (четврток) со почеток од 19.часот, во салата „26.април“ во Гевгелија. Предвидено е преносот од овој исклучително важен дуел на „црвено-жолтите“ да се емитува на Sportklub HD.