Sportklub продолжува да ги пренесува „во живо“ натпреварите на машката сениорска репрезентација на Македонија во третиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскетот во 2025 година.
Во рамките на 6. коло од групата „Д“, Sportklub ќе го пренесува натпреварот Норвешка-Македонија кој ќе се игра на 26. февруари (недела) со почеток од 18.00 часот, во Арената „Нордстранд“ во Осло.
Предвидено е преносот од овој натпревар да се емитува на програмата на Sportklub 2 HD.
За љубителите на кошарката, особено за машкиот сегмент, кои не се во можност да ги следат програмите на Sportklub, ќе може да го гледаат овој натпревар „онлајн“, преку каналот на ФИБА: