30.01.2022

...

Натпреварот Струга 2009-Баскет Кам 2011 е одложен

Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ донесе одлука за одложување на натпреварот од 13. коло од Првата лига-жени, Струга 2009-Баскет Кам 2011, кој беше предвидено да се игра на 30. јануари (недела). 

„Поради четири (4) позитивни играчи од Ковид-19 во екипата на КК Баскет Кам, натпреварот помеѓу КК Струга  2009 - КК Баскет Кам се ОДЛОЖУВА, и истиот се закажува за 11.02.2022 година (петок) со почеток во 19.00 часот“.