30.09.2024

Натпреварите во најсилната конкуренција од машкиот младински сегмент стартуваат на 5. октомври

Натпреварувачки групи, систем за натпреварување, распоред на натпревари во М18-лига-мажи за сезона 2024/2025

По доставениот список од канцеларијата на КФСМ за регистрација на своите кошаркари во оваа категорија пријавени се вкупно 20. екипи и истите ќе бидат поделени регионално во првиот дел од сезоната, а Прва и Втора лига во вториот дел од сезоната.

СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Прв дел

Натпреварите од првиот дел ќе се играат во пет групи, поделени регионално, по принципот „дома – гости“.

По завршување на првиот дел, победниците во петте групи и најдобрите три второпласирани екипи се квалификуваат во Прва лига М18 мажи за сезоната 2024/2025.

Во Прва лига М18 ќе играат најдобрите осум екипи, додека сите останати екипи ќе ги формираат двете втори лиги во машката М18 конкуренција, поделени на „исток“ и на „запад“.

Лигата ќе биде составена од осум екипи, земајќи го во предвид пласманот на екипите од првиот дел од натпреварувачка сезона во категоријата (М-18) за 2024/2025 година.

Натпреварите ќе се одиграат по двокружен бод систем, секој со секого, односно 14. кола.

По одигрување на натпреварите (14. кола), натпреварувањето ќе биде продолжено со „оролоџо“ систем, односно дополнителни седум (7) кола.

По одигрување на натпреварите од првата фаза, односно 21. коло и добивањето на конечниот пласман од 1-8 место, натпреварувањето продолжува според плеј-оф принцип.

Втор дел

По одигрување на натпреварите во групите, осумте екипи од Првата лига ќе разигруваат во осминафинална фаза со осумте најдобро пласирани екипи од Втората лига. Ќе се формира натпреварувачки „костур“ од 16. екипи кои ќе се натпреваруваат во осминафиналето.

Двојките во оваа фаза ќе бидат формирани по следниот редослед:

РАЗИГРУВАЊЕ (ОСМИНАФИНАЛЕ):

Прв натпревар:

1 нат: 16 – 1

2 нат: 15 – 2

3 нат: 14 – 3

4 нат: 13 – 4

5 нат: 12 – 5

6 нат: 11 – 6

7 нат: 10 – 7

8 нат: 9 – 8

Втор натпревар:

1 нат: 1 – 16

2 нат: 2 – 15

3 нат: 3 – 14

4 нат: 4 – 13

5 нат: 5 – 12

6 нат: 6 – 11

7 нат: 7 – 10

8 нат: 8 – 9

*Ќе се играат два натпревари во кои подобриот кош-количник од двата натпревари ќе го одлучи патникот во четвртфинална фаза.

Првиот натпревар се игра на теренот на послабопласираната екипа од првиот дел.

По завршувањето на осминафиналето, се формираат четвртфиналните двојки по следниот редослед:

РАЗИГРУВАЊЕ (ЧЕТВРТФИНАЛЕ):

1 нат: 1 – 8

2 нат: 2 – 7

3 нат: 3 – 6

4 нат: 4 – 5

Четвртфиналето се игра во два добиени натпревари по систем домаќин–гостин-домаќин, при што првоименуваната екипа е домаќин на првиот натпревар.

Победниците од четвртфиналните натпревари се пласираат на финалниот турнир, и ќе разигруваат за државен првак за натпреварувачка сезона 2024/2025.

ФИНАЛЕН ТУРНИР

ПОЛУФИНАЛЕ:

ПФ - 1: Победник од натпревар 1 со Победник од натпревар 4,

ПФ - 2: Победник од натпревар 2 со Победник од натпревар 3,

*Поразените екипи ќе одиграат натпревар за трето место.

*Победниците од натпреварите ќе го одиграат финалниот натпревар за државен првак за натпреварувачка сезона 2024/2025.

Местото за одигрување на натпреварите од финалниот турнир, ќе биде дополнително одредено од страна на Комесарот за млади, по добивање на понуди на екипите учесници, или организацијата на турнирот ќе ја преземе КФСМ.

КАЛЕНДАР НА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Во М18 лигата-мажи има вкупно 20. пријавени екипи. Поделени се во пет натпреварувачки групи (со по четири екипи).

Стартот на сезоната во оваа лига е предвиден за 5. октомври. Првата фаза ќе заврши на 2. ноември со одигрување на шестото коло. Втората започнува на 9. ноември, ќе бидат реализирани наредните 14.кола, фаза која ќе биде затворена на 22. март, 2025 година.

Според календарот, на 1. март старува „оролоџото“ кое ќе заврши на 12. април. На 26. април и на 3. мај се предвидени осминафиналните мечеви, на 10, 14. евентуално на 17. мај ќе се разигрува во четвртфиналето, додека финалниот турнир е закажан за 24. и 25. мај, 2025 година.

ВТОРА ЛИГА

Лигата ќе биде поделена во две групи (ИСТОК и ЗАПАД) и истите ќе бидат составени од исток (шест екипи) и запад (шест екипи), земајќи го во предвид територијалниот принцип, пласманот на екипите од првиот дел од натпреварувачка сезона во М18 лигата за натпреварувачката сезона 2024/2025.

Натпреварите ќе се одиграат по двокружен бод систем, секој со секого, односно, по 12.кола во двете групи, „Исток“ и „Запад“.

По одигрување на натпреварите од 12. кола, натпреварувањето ќе биде продолжено со „оролоџо“ систем односно дополнителни пет кола.

По одигрување на натпреварите од првата фаза и добивањето на конечниот пласман, вкупно осум екипи од втората лига (првопласираните четири екипи од исток и запад), се пласираат во понатамошното натпреварување кое продолжува во осминафинална фаза, со осумте најдобро пласирани екипи од Првата лига.

НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

ГРУПА 1: Вардар, Тиквеш Голден Игл, Ангели, Чаир 2030

Распоред на натпревари-М18-мажи група 1

ГРУПА 2: Водно Санс, МКК Куманово, ИБА Скопје, МЗТ Скопје Аеродром

Распоред на натпревари-М18-мажи група 2

ГРУПА 3: Феникс 2010, Вибас, ТФТ, Универзитет Тетово

Распоред на натпревари-М18-мажи група 3

ГРУПА 4: Кожув, Дино Деликатес, Струмица, Борец

Распоред на натпревари-М18-мажи група 4

ГРУПА 5: Работнички 2018, Пелистер, Црн Дрим, Гостивар 2

Распоред на натпревари-М18-мажи група 5