30.09.2024

Претстојниот викенд ќе биде означен и почетокот на натпреварите во машка кадетска конкуренција

Натпреварувачки групи, систем за натпреварување, распоред на натпревари во М16-лига-мажи за сезона 2024/2025

По доставениот список од канцеларијата на КФСМ за регистрација на своите кошаркари во оваа категорија пријавени се вкупно 32. екипи и истите ќе бидат поделени регионално во првиот дел од сезоната, а Прва и Втора лига во вториот дел од сезоната.

СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Прв дел

Натпреварите од првиот дел ќе се играат во пет групи, поделени регионално, по принципот „дома – гости“.

По завршување на првиот дел, победниците во петте групи и најдобрите три второпласирани екипи се квалификуваат во Прва лига М16-мажи за сезоната 2024/2025.

Во Првата лига ќе играат најдобрите осум екипи, додека сите останати екипи ќе ги формираат двете втори лиги во машката М16 конкуренција, поделени на „исток“ и на „запад“.

Лигата ќе биде составена од осум екипи, земајќи го во предвид пласманот на екипите од првиот дел од натпреварувачка сезона во категоријата (М-16) за 2024/2025 година.

Натпреварите ќе се одиграат по двокружен бод систем, секој со секого, односно четиринаесет (14) кола.

По одигрување на натпреварите од првата фаза, натпреварувањето продолжува според плеј-оф принцип.

Втор дел

По одигрување на натпреварите во групите, осумте екипи од Првата лига ќе разигруваат во осминафинална фаза со осумте најдобро пласирани екипи од Втората лига. Ќе се формира натпреварувачки „костур“ од 16. екипи кои ќе се натпреваруваат во осминафиналето.

Двојките во оваа фаза ќе бидат формирани по следниот редослед:

РАЗИГРУВАЊЕ (ОСМИНАФИНАЛЕ):

Прв натпревар:

1 нат: 16 – 1

2 нат: 15 – 2

3 нат: 14 – 3

4 нат: 13 – 4

5 нат: 12 – 5

6 нат: 11 – 6

7 нат: 10 – 7

8 нат: 9 – 8

Втор натпревар:

1 нат: 1 – 16

2 нат: 2 – 15

3 нат: 3 – 14

4 нат: 4 – 13

5 нат: 5 – 12

6 нат: 6 – 11

7 нат: 7 – 10

8 нат: 8 – 9

*Ќе се играат два натпревари во кои подобриот кош-количник од двата натпревари ќе го одлучи патникот во четвртфинална фаза. Првиот натпревар се игра на теренот на послабопласираната екипа од првиот дел.

По завршувањето на осминафиналето, се формираат четвртфиналните двојки по следниот редослед:

РАЗИГРУВАЊЕ (ЧЕТВРТФИНАЛЕ):

1 нат: 1 – 8

2 нат: 2 – 7

3 нат: 3 – 6

4 нат: 4 – 5

Четвртфиналето се игра во два добиени натпревари по систем домаќин–гостин-домаќин, при што првоименуваната екипа е домаќин на првиот натпревар. Победниците од четвртфиналните натпревари се пласираат на финалниот турнир, и ќе разигруваат за државен првак за натпреварувачка сезона 2024/2025.

ФИНАЛЕН ТУРНИР

ПОЛУФИНАЛЕ:

ПФ - 1: Победник од натпревар 1 со Победник од натпревар 4,

ПФ - 2: Победник од натпревар 2 со Победник од натпревар 3,

*Поразените екипи ќе одиграат натпревар за трето (03) место.

*Победниците од натпреварите ќе го одиграат финалниот натпревар за државен првак за натпреварувачка сезона 2024/2025.

Местото за одигрување на натпреварите од финалниот турнир, ќе биде дополнително одредено од страна на комесарот за млади, по добивање на понуди на екипите учесници, или организацијата на турнирот ќе ја преземе КФСМ.

ВТОРА ЛИГА

Прв дел

Лигата ќе биде поделена во три групи (Исток, Запад и Скопје) и истите ќе бидат составени со осум екипи-учесници, земајќи го во предвид територијалниот принцип, пласманот на екипите од првиот дел од натпреварувачка сезона во категоријата (М-16) за 2024/2025 година.

Натпреварите ќе се одиграат по двокружен бод-систем, секој со секого, односно по 14. кола во трите групи.

По одигрување на натпреварите од првата фаза и добивањето на конечниот пласман вкупно осум (8) екипи од Втората лига (првопласираните две екипи од трите групи и две најдобро второпласирани), го продолжуваат натпреварувањето.

Втор дел

Осумте екипи од Прва лига ќе разигруваат во осминафинална фаза со осумте најдобро пласирани екипи од Втора лига. Ќе се формира нова група од 16. екипи кои ќе се натпреваруваат во осминафиналето.

Се играат два натпревари во кои подобриот кош количник од двата натпревари ќе го одлучи патникот во четвртфинална фаза. Првиот натпревар се игра на теренот на послабопласираната екипа од првиот дел.

По завршувањето на осминафиналето, се формираат четвртфиналните двојки.

Во новата сезона, право на настап имаат вкупно 32.екипи. Ќе бидат поделени во пет натпреварувачки групи. Во три од нив ќе се натпреваруваат по шест, додека пак во две ќе има седум екипи-учесници.

Стартот на сезоната во оваа лига е предвиден за 5. октомври. Првата фаза ќе заврши на 28. декември со одигрување на 14. коло. Втората започнува на 18. јануари, ќе бидат реализирани уште 14.кола, фаза која ќе биде затворена на 16. април, 2025 година.

Според календарот, на 26. април и на 3. мај се предвидени осминафиналните мечеви, на 10, 17. евентуално на 24. мај ќе се разигрува во четвртфиналето, додека финалниот турнир е закажан за 31. мај и 1.јуни, 2025 година.

НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ – М16-МАЖИ

ГРУПА 1: Водно Санс, Феникс 2010, Работнички 2018, Гостивар 2, Вибас, Ангели, Љуботен

Распоред на натпревари-М16-мажи група 1

ГРУПА 2: Вардар, Гостивар, МЗТ Скопје, Тетекс ТТК, Чаир 2030, Универзитет Тетово

Распоред на натпревари-М16-мажи група 2

ГРУПА 3: МКК Куманово, Риниа, Работнички, МЗТ Скопје Уни Банка, ИБА баскет, ТФТ

Распоред на натпревари-М16-мажи група 3

ГРУПА 4: Црн Дрим, Пелистер, Мега баскет, Охрид, Тиквеш Голден Игл, Јуниор-Битола

Распоред на натпревари-М16-мажи група 4

ГРУПА 5: Борец, Спортисимо, Дино Деликатес, Струмица Ролинг, Кожув, Патриот 2016, Соколи 1933

Распоред на натпревари-М16-мажи група 5