01.10.2024

Во женскиот младински сегмент, ќе има четири натпреварувања. Првите ќе почнат овој викенд...

Натпреварувачки групи, систем за натпреварување, распоред на натпревари во М18-лига-жени за сезона 2024/2025

По доставениот список од канцеларијата на КФСМ за регистрација на своите кошаркарки во оваа категорија пријавени се вкупно 11 екипи.

СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Лигата ќе биде составена од две групи „Исток“ (пет екипи) и „Запад“ (шест екипи), согласно пласманот на екипите од претходната натпреварувачка сезона во категоријата, територијалната поделеност на клубовите и според бројот на пријавените екипи во категоријата (М-18).

Натпреварите ќе се одиграат по двокружен бод систем, секој со секого, односно 12. натпреварувачки кола.

По одигрување на натпреварите, односно 12. кола, натпреварувањето ќе биде продолжено со четвртфинална фаза.

По одигрување на натпреварите од првата фаза (групна) првите четири најдобро пласирани екипи од двете групи ќе разигруваат во вториот дел.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ:

1 нат: Г1 (1) – Г2 (4)

2 нат: Г2 (1) – Г1 (4)

3 нат: Г1 (2) – Г2 (3)

4 нат: Г2 (2) – Г1 (3)

Четвртфиналето се игра во два добиени натпревари по систем домаќин–гостин-домаќин, при што првоименуваната екипа е домаќин на првиот натпревар.

Победниците од четвртфиналните натпревари се пласираат на финалниот турнир за категорија М-18-жени и ќе разигруваат за државен првак за натпреварувачка сезона 2024/2025.

ПОЛУФИНАЛЕ:

ПФ - 1: Победник од натпревар-1 со Победник од натпревар-4,

ПФ - 2: Победник од натпревар-2 со Победник од натпревар-3,

*Поразените екипи ќе одиграат натпревар за трето место.

*Победниците од натпреварите ќе го одиграат финалниот натпревар за Државен првак за натпреварувачка сезона 2024/2025 година.

Местото за одигрување на натпреварите од финалниот турнир, ќе биде дополнително одредено од страна на Комесарот за млади, по добивање на понуди на екипите учесници или организацијата на турнирот ќе ја преземе КФСМ.

КАЛЕНДАР НА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

М18 лигата во женска конкуренција ќе биде поделена на две групи, „Исток“ и „Запад“.

Во источната ќе се натпреваруваат пет, а во западната, една екипа повеќе – шест. Почетокот, односно првото коло ќе се игра на 5.октомври, додека пак последното, десетто коло е предвидено за 5.април, 2025 година.

Четвртфиналните натпревари се закажани за 26.април, 3.мај, евентуалните „мајсторки“ ќе се играат на 10.мај.

Новиот шампион во оваа М18 лига-жени, ќе биде познат по одигрувањето на финалниот турнир кој ќе се игра на 24. и на 25. мај, 2025 година.

НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

ГРУПА „ИСТОК“: Патриот 2016, Пробаскет, Баскет Кам, Крива Паланка, Шкупи

Распоред на натпревари-М18-жени група - Исток

ГРУПА „ЗАПАД“: Вардар, Бадел 1862, Охрид, Гостивар 2009, Струга 2009, МЗТ Скопје Аеродром

Распоред на натпревари-М18-жени група - Запад