09.10.2024

---

Натпреварувачки групи, систем за натпреварување, распоред на натпревари во М14-лига-мажи за сезона 2024/2025

По доставениот список од канцеларијата на КФСМ за регистрација на своите кошаркари во оваа категорија пријавени се вкупно 22. екипи и истите ќе бидат поделени регионално во првиот дел од сезоната.

СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

ПРВ ДЕЛ

Лигата ќе биде составена од 22 екипи, земајќи го предвид пласманот на екипите од претходната натпреварувачка сезона во категоријата (М14-мажи) и територијалната поделеност на клубовите.

Натпреварите ќе се одиграат по двокружен бод систем, секој со секого, односно 12. кола.

По одигрување на натпреварите, односно 12. кола, натпреварувањето ќе биде продолжено со т.н. „оролоџо“ систем (дополнителни четири кола). Првите три најдобро пласирани екипи од петте групи и најдобрата четврто пласирана екипа ќе разигруваат во вториот дел - осминафинале.

ВТОР ДЕЛ

Ќе се формира новата група од 16. екипи кои ќе се натпреваруваат во осминафиналето. Двојките во оваа фаза ќе бидат формирани по следниот редослед:

Прв натпревар:

1 нат: 16 – 1

2 нат: 15 – 2

3 нат: 14 – 3

4 нат: 13 – 4

5 нат: 12 – 5

6 нат: 11 – 6

7 нат: 10 – 7

8 нат: 9 – 8

Втор натпревар:

1 нат: 1 – 16

2 нат: 2 – 15

3 нат: 3 – 14

4 нат: 4 – 13

5 нат: 5 – 12

6 нат: 6 – 11

7 нат: 7 – 10

8 нат: 8 – 9

*Се играат два натпревари во кои подобриот кош количник од двата натпревари ќе го одлучи патникот во четвртфиналната фаза.

*Првиот натпревар се игра на теренот на послабопласираната екипа од првиот дел.

Победниците од разигрувањето се пласираат во четвртфинале и ќе разигруваат по следниот принцип:

ЧЕТВРТФИНАЛЕ:

1 нат: 1 – 8

2 нат: 7 – 2

3 нат: 3 – 6

4 нат: 5 – 4

*Натпреварите се играат во два добиени натпревари по систем домаќин–гостин-домаќин, при што првоименуваната екипа е домаќин на првиот натпревар.

Победниците од четвртфиналните натпревари се пласираат на финалниот турнир за категорија М14-мажи и ќе разигруваат за државен првак за натпреварувачка сезона 2024/2025.

ФИНАЛЕН ТУРНИР

 ПОЛУФИНАЛЕ:

ПФ - 1: Победник од натпревар-1 со Победник од натпревар-4,

ПФ - 2: Победник од натпревар-2 со Победник од натпревар-3,

*Поразените екипи ќе одиграат натпревар за трето место.

*Победниците од натпреварите ќе го одиграат финалниот натпревар за државен првак за натпреварувачка сезона 2024/2025година.

КАЛЕНДАР НА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Во ова натпреварување има 22. екипи, а согласно со договореното, во три групи се „сместени“ по четири, додека во преостанатите две ќе има по пет натпреварувачки екипи.

Официјалниот старт на натпреварите во М14-мажи лигата е закажан за 12.октомври. Првата фаза од ова натпреваруавње ќе биде завршена со одигрување на 12. коло кое е закажано за 24. декември.

Натпреварите во т.н. „оролоџо“ ќе се одиграат во периодот од 15. февруари – 25. март, 2025 година. Осминафиналните средби се предвидени за 29.март и 5.април, 2025 година. Четвртфиналната серија ќе се игра на 12. и 26.април, а евентуалната трета средба на 3.мај, 2025 година.

Финалниот турнир на кој ќе биде промовиран новиот прва во оваа младинска лига ќе се игра на 17. и 18.мај, наредната година.

 

НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ – М14-МАЖИ

ГРУПА 1: Вардар, Феникс 2010, Чаир 2030, Вибас, Тетекс ТТК

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ – ГРУПА 1

ГРУПА 2: Водно санс, Работнички, МВП Скопје, Тетова Булс

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ – ГРУПА 2

ГРУПА 3: МКК Куманово, МЗТ Скопје Аеродром, ИБА Скопје, Риниа

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ – ГРУПА 3

ГРУПА 4: Љуботен, Гостивар 2, Охрид, Петровски-Битола, Колибри-Охрид

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ – ГРУПА 4

ГРУПА 5: Борец, Струмица Ролинг, Спортисимо, Тиквеш Голден Игл

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ – ГРУПА 5