09.10.2024

---

Натпреварувачки групи, систем за натпреварување, распоред на натпревари во М12-лига-жени за сезона 2024/2025

По доставениот список од канцеларијата на КФСМ за регистрација на своите кошаркарки во оваа категорија пријавени се вкупно 11. екипи, и истите ќе бидат поделени регионално во првиот дел од сезоната.

СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

М12-лига-жени ќе биде составена од две групи „Исток“ (6) и „Запад“ (5) екипи, согласно пласманот на екипите од претходната натпреварувачка сезона во категоријата, територијалната поделеност на клубовите и според бројот на пријавените екипи во оваа категорија.

Натпреварите ќе се одиграат во две групи, по двокружен бод систем, секој со секого, односно 10. кола.

По одигрување на натпреварите во двете групи (вкупно 10. кола), натпреварувањето ќе биде продолжено со четвртфинале. По одигрување на натпреварите од првата фаза, првите четири најдобро пласирани екипи од двете групи ќе разигруваат во вториот дел.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ:

1 нат: Г1 (1) – Г2 (4)

2 нат: Г2 (1) – Г1 (4)

3 нат: Г1 (2) – Г2 (3)

4 нат: Г2 (2) – Г1 (3)

Четвртфиналето се игра во два добиени натпревари по систем домаќин–гостин-домаќин, при што првоименуваната екипа е домаќин на првиот натпревар.

Победниците од четвртфиналните натпревари се пласираат на финалниот турнир за категорија М12-жени и ќе разигруваат за државен првак за натпреварувачка сезона 2024/2025.

ПОЛУФИНАЛЕ:

ПФ - 1: Победник од натпревар-1 со Победник од натпревар-4,

ПФ - 2: Победник од натпревар-2 со Победник од натпревар-3,

*Поразените екипи ќе одиграат натпревар за трето место.

*Победниците од натпреварите ќе го одиграат финалниот натпревар за државен првак за натпреварувачка сезона 2024/2025 година.

Местото за одигрување на натпреварите од финалниот турнир, ќе биде дополнително одредено од страна на комесарот за млади, по добивање на понуди на екипите учесници или организацијата на турнирот ќе ја преземе КФСМ.

КАЛЕНДАР НА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

М12 лигата во женска конкуренција ќе биде поделена на две групи, „Исток“ и „Запад“.

Почетокот, односно првото коло ќе се игра на 12. октомври, додека пак последното, 10. коло од првата натпреварувачка фаза е предвидено за 29.март, 2025 година. Четвртфиналните натпревари се закажани за 12. и за 26.април, додека евентуалните „мајсторки“ ќе се играат на 3.мај, 2025 година. Новиот шампион во М12 лигата-жени, ќе биде познат по одигрувањето на финалниот турнир кој ќе се игра на 10, и 11. мај, 2025 година.

НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

ГРУПА „ИСТОК“: Бадел 1862, Риниа, Вардар, Спорт тим, Крива Паланка, Феникс 2010

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ – ГРУПА ИСТОК

ГРУПА „ЗАПАД“: Петровски Битола, Струга 2009, Тетова Булс, Декса, Охрид 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ – ГРУПА ЗАПАД