24.09.2025

Во женскиот младински сегмент, ќе има четири натпреварувања. Првите ќе почнат на почетокот на октомври

Натпреварувачки групи, систем за натпреварување, распоред на натпревари во „Адастра“ М18-лига-жени за сезона 2025/2026

По доставениот список од канцеларијата на КФСМ за регистрација на своите кошаркарки во оваа категорија пријавени се вкупно девет екипи.

СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Лигата ќе биде составена од девет екипи, согласно пласманот на екипите од претходната натпреварувачка сезона во категоријата, територијалната поделеност на клубовите и според бројот на пријавените екипи во категоријата (М-18).

Натпреварите ќе се одиграат по двокружен бод систем, секој со секого, односно 18. натпреварувачки кола.

По одигрување на натпреварите, односно 18. кола, натпреварувањето ќе биде продолжено со четвртфинална фаза.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ:

1 нат: (1) – (8)

2 нат: (2) – (7)

3 нат: (3) – (6)

4 нат: (4) – (5)

Четвртфиналето се игра во два добиени натпревари по систем домаќин–гостин-домаќин, при што првоименуваната екипа е домаќин на првиот натпревар.

Победниците од четвртфиналните натпревари се пласираат на финалниот турнир за категорија М-18-жени и ќе разигруваат за државен првак за натпреварувачка сезона 2025/2026.

ПОЛУФИНАЛЕ:

ПФ - 1: Победник од натпревар-1 со Победник од натпревар-4,

ПФ - 2: Победник од натпревар-2 со Победник од натпревар-3,

* Поразените екипи ќе одиграат натпревар за трето место.

* Победниците од натпреварите ќе го одиграат финалниот натпревар за државен првак за натпреварувачка сезона 2025/2026 година.

Местото за одигрување на натпреварите од финалниот турнир, ќе биде дополнително одредено, по добивање на понуди на екипите учесници или организацијата на турнирот ќе ја преземе федерацијата.

КАЛЕНДАР НА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

М18 лигата во женска конкуренција ќе биде реализирана со девет екипи-учесници.

Почетокот, односно првото коло ќе се игра на 4.октомври, додека пак последното, 18. коло е предвидено за 2.мај, 2026 година.

Четвртфиналните натпревари се закажани за 23 и 27.мај, евентуалните „мајсторки“ ќе се играат на 30.мај.

Новиот шампион во оваа М18 лига-жени, ќе биде познат по одигрувањето на финалниот турнир кој ќе се игра на 6. и 7.јуни, 2026 година.

НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

Струга 2009, Бадел 1862, МЗТ Скопје, Тим Арена, Крива Паланка, Вардар, Пробаскет, ГКК Охрид, Гевгелија

Распоред на натпревари-М18-жени