По доставениот список од канцеларијата на КФСМ за регистрација на своите кошаркарки во оваа категорија пријавени се вкупно 14. екипи.
СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ
Лигата ќе биде составена од две групи „Исток“ (седум) и „Запад“ (седум) екипи, согласно пласманот на екипите од претходната натпреварувачка сезона во категоријата, територијалната поделеност на клубовите и според бројот на пријавените екипи во категоријата (М-16).
Натпреварите ќе се одиграат во две групи, по двокружен бод систем, секој со секого, односно 14. натпреварувачки кола.
По одигрување на натпреварите во двете групи, односно 14. кола, натпреварувањето ќе биде продолжено со четвртфинална фаза, од најдобрите четири пласирани екипи од двете групи, кои ќе разигруваат во вториот дел
ЧЕТВРТФИНАЛЕ:
1 нат: Г1(1) – Г2(4)
2 нат: Г2(2) – Г1(4)
3 нат: Г1(3) – Г2(3)
4 нат: Г2(4) – Г1(3)
Четвртфиналето се игра во два добиени натпревари по систем домаќин–гостин-домаќин, при што првоименуваната екипа е домаќин на првиот натпревар.
Победниците од четвртфиналните натпревари се пласираат на финалниот турнир за категорија М-16-жени и ќе разигруваат за државен првак за натпреварувачка сезона 2025/2026.
ПОЛУФИНАЛЕ:
ПФ - 1: Победник од натпревар-1 со Победник од натпревар-4,
ПФ - 2: Победник од натпревар-2 со Победник од натпревар-3,
* Поразените екипи ќе одиграат натпревар за трето место.
* Победниците од натпреварите ќе го одиграат финалниот натпревар за државен првак за натпреварувачка сезона 2025/2026 година.
Местото за одигрување на натпреварите од финалниот турнир, ќе биде дополнително одредено, по добивање на понуди на екипите учесници или организацијата на турнирот ќе ја преземе федерацијата.
КАЛЕНДАР НА НАТПРЕВАРУВАЊЕ
М16 лигата во женска конкуренција ќе биде реализирана со 14. екипи-учесници, поделени во две групи „Исток“ и „Запад“ (во двете по седум)
Почетокот, односно првото коло ќе се игра на 11.октомври, додека пак последното, 14. коло е предвидено за 25.април, 2026 година.
Четвртфиналните натпревари се закажани за 9. и 16.мај, евентуалните „мајсторки“ ќе се играат на 23.мај. 2026 година.
Новиот шампион во оваа М18 лига-жени, ќе биде познат по одигрувањето на финалниот турнир кој ќе се игра на 30. и 31.мај, 2026 година.
НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
ИСТОК: МЗТ Скопје, Патриот 2016, МВП Скопје, Спортисимо, Тим Арена, Баскет Кам, Пробаскет
Распоред на натпревари-М16-жени - Исток
ЗАПАД: Вардар, Струга 2009, Петровски, Бадел 1862, Спорт тим Гостивар 2009, Пелистер
Распоред на натпревари-М16-жени - Запад