30.07.2021

Во натпреварувачката сезона 2021/22, клубот од Кисела Вода пријави учество и во лигата на Балканот

Навико Академија ФМП ќе учествува во БИБЛ лигата

Навико Академија ФМП заедно со екипите на ТФТ и Куманово ќе бидат претставници од Македонија во БИБЛ Лигата, во која што во сезоната 2021/22 ќе се натпреваруваат и екипи од Израел, Бугарија, Црна Гора и Косово.

„Позади нас е успешна сезона во која што успеавме да се пласираме во полуфиналето на Купот на Македонија и да избориме пласман помеѓу најдобрите осум екипи во домашното првенство. Наредната сезона пред нас е поголем предизвик, освен натпреварите од домашната лига и Купот на Македонија, нè очекуваат и натпревари на меѓународна сцена кои ќе бидат пред се искуство и предизвик за нашата екипа“- велат од клубот од Кисела Вода

Регионалното натпреварување кое ќе биде поделено во две групи со по шест екипи, треба да започне на 5. октомври, по претходно извршена ждрепка која е најавена за 26. август во Софија.