20.02.2020 Нашата најдобра национална машка селекција денеска ќе го одигра првиот натпревар во рамки на квалификациите за Евробаскет 2021 против соодветната национална селекција на Естонија. Селекторот Александар Тодоров ги одбра дванаесетмината кои ќе ги бранат националните бои, а на целиот тим ќе му биде потребна помош од трибините. Кошаркарската Федерација верува дека публиката ќе ги исполни трибините до последно место и ќе им даде дополнителна поддршка на кошаркарите кои ќе истапат на теренот. Еден билет за натпреварот чини 100 денари и покрај онлајн продажба на мктикетс, билети ќе можат да се купат и денеска од пладне на билетарата во при Спортскиот Центар Борис Трајковски. Раководството на федерацијата, одлучи сите приходи од продажбата на билетите да бидат донирани во хуманитарни цели. Покрај приходот од продажбата на билетите, во А1 арената ќе бидат поставени и донациски кутии во кои хуманитарните граѓани ќе можат да донираат, доколку се во можност. Да испишеме нова историја, сите заедно!