08.06.2017

„Недела на Мак-баскет“ завршува со FINAL 4 во првенството до 16 години во женска конкуренција

Македонската кошаркарска федерација тековната седмица одбележува недела на мак-баскет - денови исполнети со кошаркарски активности во младинските категории. На агендата преостануваат уште завршните турнири во возрасната категорија до 16 години, во машка и во женска конкуренција.

Младите кошаркари од тимовите на Феникс, Партизан Водно Санс 1, Вардар и од Партизан Водно Санс 2 на 9. односно 10. јуни ќе ги одиграат последните натпрев ари од тековната натпреварувачка сезона. Феникс ќе му се спротивстави на Партизан Водно Санс 1 во 17 часот и 30 минути, а статистиката ќе може да се проследи на следниот линк. Во второто полуфинале, Вардар ќе се пресмета со Партизан Водно Санс 2, а оваа пресметка ќе биде пренесувана во живо на телевизијата Сител 3. Статистиката може да се следи на следниот линк. Натпреварите ќе бидат одиграни во спортската сала на Вардар (мала сала „Кале“).

Во женската конкуренција,  Бадел 1862 ќе разигрува со Струга 2009 или со Гостивар в недела (11. јуни) во рамки на првото полуфинале со почеток во 12 часот и 15 минути додека во второто полуфинале кое е на распоредот од 14 часот и 30 минути, Шкупи ќе си ги одмери силите против Баскет Кам. Натпреварите ќе бидат одиграни во спортската сала „Шабан Трстена“. 

Делегирање FINAL 4 М16 (жени)