06.04.2022

Во полуфиналето, Рејер Венеција беше подобра од тимот на нашата репрезентативка (85:80), дабл-дабл ефект на нашата репрезентативка

Нема финале во ФИБА Евро Купот за Бонер и Мерсин

Девана Бонер и нејзинито нов клуб во кариертата, турсиот Мерсин, нема да играат во големото финале на ФИБА Евро купот во женска конкуренција.

Во полуфиналето, турската екипа застана пред италијанскиот претставник Рејер Венеција. Загубија со (80:85), па утре од 17.часот, во Бурж, ќе играат за третото место. И тоа против уште една турска екипа, Галатасарај, која во второто полуфинале беше совладана од домаќинот на овој собир – Бурж со минимални (67:69).

За жал, и дабл-дабл ефектот на македонската репрезентативка, не беше доволен за Мерсин да дојде до мечот за пехарот. Бонер остана на тернеот во текот н сите 40.минути, и притоа имаше учинок од 14.поени (1/5 за три, 5/8 за два и 1/2 за еден поен), дополнети со 12. скока, две асистенции и две загубени топки.