Ситуацијата која ја услови пандемијата на коронавирусот ги „здрма“ скоро сите спортски колективи и организации во светот, вклучително и оние кошаркарските.
Но според последните потези, не и Евролигата, односно двете натпреварувања кои ги реализира менаџментот на „ЕКА“.
Иако неофицијално, без оглед на прекинот кој се случи во средина на ланската сезона, за онаа наредната, Евролига планира да го зголеми наградниот фонд за клубовите во кој влегуваат средствата од маркетинг и од спортските резултати.
Според најавите, секој тим кој нема долгогодишна, односно „А“ лиценца, ќе инкасира најмалку 500.000 евра, без оглед на ефектот, додека пак на оние кои имаат долгогодишен договор од Евролигата ќе добијат минимално по 1.500.000 евра.
Новитет е тоа што секое место, од 14. па нагоре, на крајот на натпреварувањето ќе биде и парично материјализирано.
Односно 14. пласираната екипа ќе може да смета на 150.000 евра, местото погоре носи 200.000 евра, она наредното 250.000 евра.
Само по оваа основа, екипата која ќе заврши како четврта може да смета на сума од 650.000 евра, третопласираната пак ќе добие 750.000 евра.
За финалистот на Евролигата следуваат 850.000 евра, додека пак за шампионот се предвидени 1.500.000 евра.