13.08.2020

ФИБА Европа ги објави клубовите-учесници во ФИБА Евро Купот за наредната натпреварувачка сезона

Нема квалификации во ФИБА Евро Купот

Вкупно 16. екипи го потврдија своето учество во ФИБА Европа Купот за сезоната 2020/2021, а 11. дополнителни клубови од вкупно 20. различни национални федерации и лиги би можеле да се приклучат во ова натпреварување по одигрувањето на квалификациите за Лигата на Шампионите.

Поради помалиот број на регистрации, форматот на натпреварување за редовниот дел од сезоната предвидена со регулативите на ФИБА Евро купот е малку изменет.

Ждрепката за редовната сезона во ФИБА Евро Купот за сезоната 2020/2021 ќе се одржи на 18.август во Минхен.

Со промената одобрена од Извршниот комитет на ФИБА Европа, ќе се игра во седум групи од три или четири тима, последователно, нема да се играат квалификации и сите екипи учеснички ќе започнат во редовната сезона.

 Учeсници во редовниот дел од сезоната  на ФИБА Евро Купот се:

Кафенберг (Австрија), Борисфен (Беларусија), Рилски спортист (Бугарија), Керменд, Солнок (Унгарија), Ирони Нес Зиона (Израел), Палаканестро Реџина (Италија), Морнар Бар (Црна Гора), Ден Бош (Холандија), Стал Остров (Полска), Сибиу, Орадеа (Румунија), Перм (Русија), Бешикташ (Турција), Киев Баскет, Прометеј (Украина).

Вкупно 12. клуба од квалификациските рунди во ФИБА Лига на Шампиони се решија да се натпреваруваат во ФИБА Евро Купот, доколку не се квалификуваат за редовната сезона на Лигата на шампиони.

Клубови во Лигата на Шампионите со ФИБА Евро Куп-избор:

Монс (Белгија), Цмоки-Минск (Белорусија), Балкан Ботевград (Бугарија), Керавнос (Кипар) *, Бакен Беарс (Данска), Лондон Лајонс (Велика Британија), Ираклис (Грција) *, Донар Гронинген (Холандија) *, Анвил Влоцлавек (Полска), Спортинг (Португалија), Фрибург Олимпик (Швајцарија), Дњипро (Украина) *

* Еден од одбележаните клубови дефинитивно ќе се квалификува за првата или групна фаза во Лигата на Шампионите, бидејќи тие се на истата страна на „костурот“ на квалификациите.

** Доколку некој друг клуб од ФИБА Евро Куп се квалификува за редовната сезона во Лигата на шампионите, местото во некоја од групите на ФИБА Европа куп ќе остане празно, и групата ќе биде составена од три екипи.