Капитенот на нашата сениорска репрезентација, Војдан Стојановски се врати во играчки ритам.
Иако во овој момент, поради забраната за официјални спортски настани на територијата на Франција има прекин во ЛНБ лигата, тоа не им посмета на Стојановски и неговите соиграчи да се „контролираат“, макар и неофицијално...
Односно да одиграат една контролна средба со своите „соседи“, екипата на Ле Портел.
Натпревар на кој предводникот на нашата репрезентација одигра 17:33 минити. И имаше беспрекорен ефект. Ги погоди сите три обиди од поле (2/2 за два и 1/1 за три поени).
Освен тоа нашиот капитен имаше и две успешни додавања и еден скок.