23.12.2019 Македонскиот репрезентативец очекува да се врати на теренот веќе на наредниот натпревар на Евре пред паузата за новогодишните празници... Стојан Ѓуроски не се најде во ставот на Евре за првенствениот меч против Кампер. А основната причина поради која нашиот репрезентативец го прескокнал овој натпревар е ситна повреда на квадрицепсот. „Не е ништо страшно. На претходниот натпревар добив еден силен удар во пределот на квадрицепсот, по што се појави хематом. Заради тоа не бев во тимот за дуелот со Кампер, а нема да играм ниту на денешниот меч со Сент Квентин на гостински терен. Лекарите одлучија додека екипата е на гостување, да направам уште неколку терапии. И ако се биде како што треба, ќе се вратам во тимот за викендот, за натпреварот кој ќе го играме на домашен терен“- појаснува 27.годишниот на Евре. Веднаш потоа, репрезентативното крило се враќа дома. „Да, договорено е од 28. декември да имаме седумдневен одмор. Ќе го поминам дома, и се надевам дека по празниците ќе ја пронајдам играчката форма“- дополнува Ѓуроски.