05.08.2017 Нашата сениорска репрезентација вечерва со почеток од 20 часот и 30 минути ќе го одигра вториот натпревар во рамки на претквалификациите за Светското првенство што е на распоредот на ФИБА во 2019 година. Изминатата среда, во тежок натпревар, избраниците на Јорданчо Давитков забележаа пораз на гостински легальные игровые автоматы рядом терен против Косово, а денес на првиот натпревар на домашен терен ќе се обидат да го поправат впечатокот и да се вратат на победничките патеки. Вториот натпревар, прв на домашен терен, ќе го одиграме против Естонија, во VIP Арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“. Се работи за добра екипа која игра многу агресивно. Имаат силни 11-12 играчи кои играат силно по цел терен, 40 минути и трчаат доста. Имаат силни шутери кои се извлекуваат и шутираат. Ние ги гледавме и скаутиравме овие денови и се надевам дека ќе одговориме успешно. Ќе биде доста тежок натпревар, мораме да играме максимално во одбрана, максимално сконцентрирано во транзиција и да се обидеме да победеме. Ние и немаме друг избор освен победа на овој натпревар. Мора да победиме и тоа е тоа - ќе нарпавиме сè од себе за да победиме. Сигурно после поразот во Приштина малку атмосферата не беше на највисоко ниво, се обидовме овие два дена да ја вратиме. Ќе видиме како ќе биде тоа вечер. Се надевам дека сите играчи ја сфатија сериозноста на ситуацијата и дека немаме друг избор освен вечерва да победиме. Се надевам дека и публиката ќе дојде во поголем број и ќе нè поддржи во тоа. - истакна Давитков