10.08.2018

Немаме време да жалиме за пропуштената шанса

Кадетите, кои изминатите две години тренираа заедно во рамки на проектот „Заедно до М16“, тековното лето го имаат својот прв официјален настап на Европското првенство (дивизија Б). Избраниците на Александар Јованчев синоќа си ги одмерија силите со силната Русија кој не порази во последниот напад.

Немаме време да жалиме за пропуштената шанса да добиеме репрезентација како Русија. За неполни 20 часа не очекува уште еден тежок дуел во оваа пеколна група против селекцијата на Белгија. Сигурен сум дека сите дадоа се од себе денеска. Немам ништо друго освен пофални зборови. Ако продолжиме во ист стил да го браниме репрезентативниот дрес верувам дека можеме да победиме. - истакна селекторот Јованчев по синоќешниот натпреваро.

Натпреварот против Белгија ќе се одигра денес (петок, 10. јули) со почеток во 14:15. Пренос во живо може да се проследи на следниот ЛИНК.