27.11.2022 „Се надевам дека во февруари ќе биде уште подобро и ќе оствариме барем една победа“- смета капитенот по поразот од Германија И на овој натпревар видлива беше желбата за успех кај Нена Трајчевска. Одличното прво полувреме против Германија, егал играта до крајот на третиот дел донесо задоволство кај капитенот на нашата најдобра женска селекција по завршувањето на средбата со Германија „Покажавме дека имаме карактер откако се издигнавме по еден таков пораз, како оној од Белгија. Отворивме убаво, не се откажавме, но подоцна пресуди нивното поголемо искуство од играњето во посилни лиги. Можам да кажам дека сме задоволни, но мораме многу да работиме. Се надевам дека во февруари ќе биде уште подобро и ќе оствариме барем една победа“- искоментира нашата искусна кошаркарка на прес-конференцијата по натпреварот кој на крајот заврши и со преубедлив триумф на Германија од (71:47).