05.11.2024

„И тоа од првата до последната минута на двата натпревари, кои здравје би ги крунисале со победи“- потенцира нашата искусна кошаркарка

Нена Трајчевска: „Очекувам да имаме позитивна атмосфера, карактер и менталитет за борба“

Сениорките го одработуваат и вториот ден од подготовките за она што следува во текот на оваа седмица, квалификациските средби за пласман на Евробаскетот во 2025 година.

Распоредот вели дека овој номеври сме домаќини, прво на репрезентацијата на Украина, во натпревар закажан за 7.ноември во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје (влезот е бесплатен), а потоа, односно три дена подоцна, ќе ја нагостиме и репрезентацијата на Португалија, на истѕото место, и во ист теремин.

Една од најискусните кошаркарки во нашата женска национална селекција Нена Трајчевска ги пренесува своите очекувања во пресрет на дуелите со Украина и Португалија:

„Пред сѐ, после цела година, убаво чувство е повторно да се собереме дома со овие девојки. Уште поубаво што и двата натпревари ги играме на домашен терен. Немаме многу време за спремање. Украина и Португалија се комплетни тимови и доаѓаат во Скопје со полн состав и да победат.  Нема да е лесно, ја имаат фаворитската улога, но, ние сме навикнати на тоа, нема да ни пречи. Како и секогаш, очекувам да имаме позитивна атмосфера, карактер и менталитет за борба, од првата до последната минута на двата натпревари, кои здравје би ги крунисале со победи“- истакнува Трајчевска пред продолшението на квалификациската трка во коај досега имавме два натпревари. Загубивме на свој терен од топ-фаворитот Србија, а потоа и на гостувањето во Португалија.