Македонскиот сениорски репрезентативец Ненад Димитријевиќ се најде на скратениот список од 12. кошаркари кои конкурираат за наградата за најдобар млад играч во Ендеса-лигата.
Нашиот репрезентативец зад себе има една доста добра сезона. И минутите кои ги доби од стручниот штаб на Хувентуд, се чини дека ги искористи максимално.
Впрочем, Нено е еден од тројцата кошаркари на клубот од Бадалона кои се најдоа во овој финален избор, заедно со Жоел Пара и Артурс Жагарс.
Гласањето ќе се трае до 24 јуни, кога ќе биде познато името на новиот освојувач на ова признание, како и на најдобрата петорка составена од млади кошаркари во Ендеса лигата.
Во меѓувреме, Димитријевиќ ќе настапи за Хувентуд на завршниот турнир од шпанскиот шампионат што ќе се одржи во Валенсија.