Нашиот најдобар кошаркар успеа да го израмни рекордот на евро-квалификациите, откако е воведен овој нов формат. На средбата со Литванија во Клаипеда, реализираше 43.поени, ефект што е во ранг на оној кој пред неколку дена го направи репрезентативецот на Германија, Давид Крамер.
За жал, неговиот перформанс не беше доволен за Македонија да ја изненади Литванија на гостински терен, иако Димитријевиќ постигна седум тројки, имаше и шест асистенции, четири скока, и три освоени топки, сето тоа доволно и за највисок индекс, 40.
Односно највисокиот во четвртото коло од квалификациите, и избор за најкорисен играч во вториот круг од ФИБА „прозорецот“ во ноември.
Во ТОП 5 на ФИБА се најдоа и ефектот кој го имаше Чеди Осман. Кошаркарот на Турција (роден во Охрид), имаше 36 индексни поени за она што го направи на с=гостувањето во Унгарија каде беа подобри од домашната селекција (81:76).
Поранешната НБА ѕвезда постигна 33.поени (пет тројки), дополнети со 11.скока, три асистеннции и по една блокада односни освоена топка.
Камар Болдвин се покажа како одлично засилување за репрезентацијата на Грузија. Го потврди тоа веднаш, на средбата со Финска во која ги предводеше Грузијците до победата (81:64).
Реализираше 22.поени (со четири тројки), на кои додаде и девет скока, шест асистенции, три освоени топки и една блокада.
Во оваа елитна конкуренција „влезе“ и Матеуш Понитка. Најдобриот играч на Полска беше главен „фактор“ во гостинската победа над Естонија (88:86), Лидерот на полскиот национален тим го оправда тоа со 27.поени, но и осум скока, четири украдени топки, три асистенции, односно индекс 33.
Своја вечер имаше и Ондреј Балвин, кој даде голем придонес во победата на неговата селекција, Чешка, во мечот против Холандија (пораз од 70:77). Имаше дабл-дабл учинок, изразен со реализација на 15.поени и 13.скока, плус и шест додавања, и по две освоени топки и блокади.