Оваа сезона, младиот Македонец има навистина одлични бројки во второто според квалитет натпреварување во Европа...
Секоја сезона, Еврокупот објавува подолга листа на млади, талентирани играчи, од целиот свет, но само еден од нив може да се закити со признанието „Ѕвезда во подем“.
Единствениот критериум во овој избор е играчот да не биде постар од 22. години, односно тоа да се смета како датум, пред 1.јули од стартот на сезоната.ж
Оваа сезона повеќе од 60.млади кошаркари бел дел од Еврокуп натпреварувањата, но само 15. Од нив „влегоа“ во ТОП 16 фазата, и кои ги одиграа последните осум мечеви од ова натпреварувања.
Од таа подолга листа, „книгата падна“ на три имиња, а еден од нив е нашиот Ненад Димитријевиќ.
Иако важи како дебитант во ова натпреварување, македонскиот репрезентативец е еден од оние кои ќе останат запаметени по силните бројки преку кои се гледа напредокот во неговата игра во текот на оваа сезона од Еврокупот.
Досега има просек од 11.9 поени, со 64.8% реализација во шутот за два поени, и 86.7% од линијата за слободни фрлања, плус и 3.9 асистенции. Тој перформанс е доволен за индекс-рејтинг 12.9 на 14 одиграни мечеви во ова натпреварување.
Вклучително и три во стартната петорка на Хувентуд.
Уште подобри се неговите бројки во ТОП 16 фазата на Еврокупот. Има просек од 14.поени, со 73.1% на реализација во шутот од поле, како и 4.5 асистенции по меч со „коефициент на полезност“, односно „ПИР“ - 14.5.
Неговата реализација за два поени во ТОП 16, е шеста во вкупниот поредок кај најдобрите бекови во Еврокупот.
Како што објаснуваат на сајтот на Еврокупот, „продуктот на младинската школа на Хувентуд“, најдобрата игра ја имаше во 6.коло, кога на дуелот против францускиот Нантер реализираше 23.поени.
Противкандидати за оваа ласкаво признание на Еврокупот, односно конкуренција, му се: Мартинас Ечодас, играчот на Ритас од Вилнус, односно Килијан Хајнс, кој настапува за германскиот Улм Ратиофарм.