Ненад Димитријевиќ и Уникс од Казањ се новите шампиони на ВТБ лигата, најсилното натпреварување на просторите на Истокот и воопшто во Европа.
А македонскиот репрезентативец не можеше да посака подобар крја на сезоната, прва во дресот на рускиот клуб. Да го одигра својот најдобар натпревар како играч на Уникс, и тоа во најважниот меч во сезоната за „зелените“ од Татарстан.
Петтиот, се покажа и последен натпревар од финалната серија на плеј-офот во ВТБ лигата, помина во знакот на нашиот Нено, и победа на Уникс (98:89) за конечни (4-1) во финалето!
Блескавото издание на македонскиот репрезентативен бек беше заокружено со реализација на 34 поени за исто толку минути поминати во игра на овој пресуден меч во серијалот. Имаше Македонецот (3/8) во обидите за три поени, уште подобри 8/11 во обидите вредни по два поени, како и девет реализирани слободни фрлања (од десет обиди).
Освен тоа во својата индивидуална статистика на ова финале, допиша и пет скока, три асистенции, една освоена и три загубени топки.
Сето тоа и повеќе од доволно за да биде прогласен и за најкорисен играч на овој финален натпревар, кој на Уникс му го донесе првиот, и историски шампионски трофеј во ова натпреваруавње во кое претходо во четири наврати стигнуваа на само еден чекор до истиот.
Сезона во ВТБ лигата во која секој, на свој начин, си најде свое место, нашите, македонските интернационалци. Ненад Димитријевиќ и Уникс се шампиони, Емил Рајковиќ и Сашо Тодоровски со нивната ЦСКА од Москва, се носители на „бронзата“ во една од најквалитетните европски лиги.
Секоја чест!