06.11.2020

Нашиот репрезентативец по PCR тестот, доби потврда дека е позитивен на корона вирусот.

Ненад Димитријевиќ оди во самоизолација!

Денеска и официјално е потврдено дека Ненад Димитријевиќ е позитивен на коронавирус. Хувентуд уште на почетокот од оваа седмица објави дека има пет случаи на кошаркари позитивни на Covid-19, а македонскиот плејмејкер е еден од петмината кои ќе мора да заминат во самоизолација.

Решението за самоизолација на нашиот репрезентативец завршува на 20. ноември, што е единствената добра работа во овој случај.

Му посакуваме брзо закрепнување на Нено, со желба да го видиме во Талин, каде нашиот национален тим ќе ги игра наредните две средби од квалификациите за Евробаскетот во 2022 година.