Ја подели сезоната на два дела, првиот во топлата Шпанија, вториот во доста поладната, Русија.
Но и во двата случаи, Ненад Димитријевиќ одговори на предизвикот. Можеби Алекс Мумбру погреши, но едно друго тренерско име, кое знапи многу во Европа, Велимир Перасовиќ, тој „подарок“ од Валенсија го прифати со двете раце.
Нено е новиот „број еден“ на Уникс, Казан местото каде ја продолжува својата играчка надградба. Да, во оваа годна која полека ја оставаме зад нас, ќе ја паметиме неговата неверојатна тројка во Нествед, која ја шокираше Данска, но и „циркускиот шут“ во „Кале“, некоја вечер подоцна, кој ја најави победата против Словачка, вовед во беспрекорната серија на сениорите во евро-квалификациите...
„Им благодарам на сите на наградата. Секогаш е голема чест да се добие награда во сопствената држава. Голем поздрав од Русија“- порача во кратката видео-порака, Димитријевиќ од Казан.