Ненад Димитријевиќ реализираше 25. поени, имаше и три асистенции и два скока за нешто повеќе од 30.минути поминати на теренот. На крајот и неговиот ефект се покажа како недоволен за да се победат Естонците во Скопје.
Сепак, и покрај минусот од пет поени, Димитријевиќ делува оптимистички. Верува дека дека нашата селекција ќе успее да се врати до крајот на овој квалификациски циклус и да се бори за пласман на Евробаскет 2025.
„Тежок натпревар, знаевме дека ќе играме со квалитетна естонска селекција. Ги знаевме нивните квалитети, одигравме одлично прво полувреме, но потоа загубивме сила во второто полувреме. Имаме и втор меч, имаме и уште други натпревари против Полска и Литванија така што ќе продолжиме со натпреварување. Сигурно нема да се откажеме. Создадовме добра енергија, квалитетно работевме во овој период, креиравме одлина хемијаа во тимот, и тоа ни дава верба дека можеме да играме на високо ниво и на следните натпревари“ - констатираше Димитријевиќ, кој поради болки, односно еден класичен грч на ногата, мораше на принуден одмор во текот на последната четвртина, онаа решавачката.
„Силен грч, прв пат ми се случува оваа сезона. Разочаран сум што мораше да ми се случи токму денеска. Искрено сум разочаран за она што се случи“ - истакна нашиот стартен бек на прес-конференцијата по натпреварот.