Во видео репортажата на „Movistar PLUS“, раководниот тим на Хувентуд зборува за „изгледот“ на тимот на Хувентуд во оваа сезона, но и во наредните...
Пауза, и тоа непланирана е во првенството на Шпанија, но не мируваа(т) луѓето од „Movistar PLUS“. Еден од ТВ-бродкастерите кои ги следат возбудувањата во шпанската АЦБ лига подготви една репортажа за Хувентуд.
За популарната “Пења“, чиј дел веќе неколку години е и македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.
Во видео-сторијата челниците на клубот од Бадалона, претседателот Хуанан Моралес, спортскиот директор Жорди Марти, и првиот тренер Карлес Дуран, заедно со некои од првотимците, пред се оние помладите, како нашиот Нено, Чаби Лопез-Аростеги, Артурс Загарс, Жоел Пара и Арнау Парадо, говорат за актуелниот момент на Хувентуд.
Но и за она што следува во клубот во кој свое, посебно место оставиле играчи како Руди Фернандез, Рики Рубио, Пау Рибас, и други актуелни членови на шпанската „црвена фурија“.
А Димитријевиќ и соиграчите беа и претставени како нивни наследници во „зелено-црниот“ дрес на Хувентуд...