„Зелено-црните“ го шокираа Реал, и со голем пресврт славеа сензационална победа во Мадрид, (86:83)...
Со досега најголемиот предизвик во оваа сезона се соочија Ненад Димитријевиќ и неговиот Хувентуд. Заминаа за Мадрид, каде во недела напладне, ги чекаше дуелот со топ-фаворитот за титулата во шпанската АЦБ лига – Реал.
Доби прекрасна можност да биде стартер против „кралскиот клуб“ од Мадрид.
И добро ја искористи.
Уште во првата четвртина која ја одигра скоро во целост, Ненад реализираше четири поени (2/2 од поле) имаше и еден скок.
До полувремето кое Реал Мадрид го реши во своја корист со (42:34), Димитријевиќ реализираша седум поени, без промашување од игра (2/2 за два и 1/1 за три поени), плус две додавања и еден скок.
Во третиот период, нашиот млад кошаркар имаше по еден неуспешен обид за два, односно за три поени. А домашната екипа ја сочува разликата од полувремето, (60:51).
Во последниот, набрзина заработи две лични грешки (вкупно четири) и седна на клупата. А во меѓувреме тимот од Бадалона направи вистински пресврт. На четири минути пред крајот имаше и водство од (76:75), на крајот огромни (86:83) за деветтата победа во 20.одиграни кола.
Најголемата досега во АЦБ лигата во која Ненад Димитријевиќ застана на бројката од седум реализации, две асистенции и еден скок за нецели 25.минути во игра.
Во исто време, претпладневниот термин во АЦБ лигата, играа и Реал Бетис и Бургос.
Со Шејн Витингтон во стартните пет, домашната екипа имаше почетно водство по првата четвртина (16:11). Високото крило дојде до своите минути во вториот период. Реализирашпе шест поени (3/4 за два поени) и имаше уште два скока. Тимот од Севиља сосема солидно водство (32:24).
Го одржаа и во второто полувреме, и на крајот победија со сигурни (79:66).
Со сосема добра игра на Витингтон. Американецот со македонски пасош реализираше десет поени (5/6 за два и 0/5 за три поени), имаше четири скока, едно додавање за 26:26 минути во игра.
Ова е шестиот успех за „берберите“ кој ги одалечи од самото дно на табелата во Ендеса лигата, каде се екипите на Фуенлабрада и на Естудијантес.