29.12.2023

НАЈДОБАР ТРЕНЕР НА МАШКА МЛАДИНСКА ЕКИПА ЗА 2023 ГОДИНА

НЕРМИН ПЕПИЌ: „Наградата е за момците, неколку години вредно работеа за да стигнеме таму каде што сме сега“

Еден од најуспешните тренери на младински екипи во земјава и во 2023 година покажа дека знае како се освојуваат трофеи...

Стигна и признанието, за него прво во сега веќе. долгогодишната работа со младите категории на кошаркари

„Би сакал да и се заблагодарам на федерацијата за тоа што бев номиниран и за сите оние кои гласаа за мене во изборот за најдобар млад тренер. Ова е мое прво признание во 13. години работа. Се надевам не и последно. И можам само да ветам дека ќе продолжиме да работиме вредно, напорно за да создадеме што е можно повеќе младински репрезентативци кои понатаму ќе бидат и сениорски.  

Наградата ја посветувам на мојата екипа, затоа што овие момци неколку години вредно работеа за да стигнеме таму каде што сме сега“- искрено зборуваше младиот тренер, најдобриот во нашата младинска кошарка за 2023 година.