Женската селекција на Македонија „Под 18“ години го одигра својот прв контролен натпревар во подготвителниот период.
Во нивната „база“ во Кавадарци, поточно во салата „Јасмин“ им гостуваше соодветниот национален состав на Бугарија. На истекот на 40.минути гостинските кошаркарки славеа убедлива победа од (89:59).
Напите јуниорките парираа во првата четвртина во која имаа и водство, макар и минимално (24:22). Но како одминуваа минитите, така гостинките правеа предност, која до полувремето изнесуваше 12.поени (47:35).
Ниту по паузата од 15.минути работите не се променија. Бугарија делуваше уште посигурно, и по три четвртини од играта дојде до недостижни (73:44).
Поените за нашата селекција на оваа прва проверка ги постигнаа: Милованова 6, Алексовска 10, Миткова 3, Бошкова 6, Николов 11, Модева 6, Марковска 10, Ставревска 7, а играа уште и: Танаскоска, Тодорова, Хоџа, и Блажевска.
Инаку, двете јуниорски селекции утре од 12.часот, исто така во салата „Јасмин“ ќе одиграат уште еден пријателски меч.