07.09.2024 Европско првенство до 18 години, мажи Машката репрезентација до 18 години беше првата репрезентација од вкупно две за ова лето 2024 година кое настапи на континенталниот собир (дивизија Б) на домашен терен. Јуниорите ги започнаа тренинзите во Скопје на 13. јуни, 2024 година. Беа одиграни вкупно пет пријателскиу натпревари - два против Црна Гора, два против Романија и еден против Швајцарија. Јуниорите запишаа победа само на последниот пријателски натпревар, но мотивацијата и желбата за победа и докажување станаа поголеми. За тоа зборува и финалниот исход од јуниорскиот Евробаскет односно осумте победи од вкупно осум одиграни натпревари и освоениот златен медал. Кратко видување за текот на подготовките, настапот на Европското Првенство и тимот излезе асистентот на репрезентацијата до 18 години, Никола Димитриевски „Почетокот на припремите го започнавме добро.Термините за тренинзи беа соодветно организирани според планот и програмата. Изигравме неколку пријателски натпревари кои беа добро организирани. Хемијата во тимот беше одлична цело време,со фактот дека тие деца веќе заедно тренирале и со познаваат три години. Се што ни беше потребно од опрема и суплементација на играчите и стручниот штаб беше исполнето и задоволително. Условите на Кале беа добри, имавме се што ни е потребно. Систина како болница ни стоеше на располагање цело време. Тимот беше составен соодветно на квалитетите на сите играчи. Сите деца дадоа се од себе и тие што играа и тие што седеа на клупа. Од страна на Федерацијата голема благодарност, се што ни беше потребно не беше занемарено и ни беше дадено. Ни стоеја на располагање и беа зад нас за се.Имавме одлична комуникација со спортскиот директор Србиновски кој ни беше од огромна поддршка. Со овој пласман ние направиме нешто што ни сами не се надевавме а сепак го посакувавме, ова е голем успех и за нас и за Федерацијата и за самата држава. Немаше никаков притисок, наспроти тие не бодреа цело време.“ - вели Димитриевски.