Најдобриот кошаркар на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое вечерва беше затворено во Скопје, е Никола Јаничиќ, одлучија селектрите, а ги имаше 22 на собирот на јуниорите од Дивизијата „Б“.
Апсолутно заслужено, ако се земе в предвид дека капитенот го предводеше својот тим до највисокото место на победничкиот пиедестал.
Беше одличен и во финалниот натпревар во кој Македонија беше подобра од Австрија, и промовирана во шампион на Европското првенство за кошаркари „Под 18“ години.
Реализираше 30.поени, од нив 21 во неполни 13. минути од почетокот на натпреварот. А за 30. минути во игра, додаде и пет скока, четири асистенции, исто толку освени и три загубени топки, сето тоа за индекс 31!