22.05.2019 Никола Караколев со 28 индекс поени за ефикасност базирани на 19 поени, осум скока и шест асистенции е најкорисниот играч на десеттото коло од Супер лигата за сезона 2018/2019. Тој го разигруваше својот Кожув да биде изедначен противник на паркетот против Гостивар кој победи со три поени повеќе (86-89). Блокотехна славеше над Куманово со 78-55 додека во вечното градско дерби Работнички беше поуспешен од МЗТ Скопје Аеродром со 88-84. Со тоа комплетирана е натпреварувачката сезона во Супер лигата и следи плејоф. Учесници се МЗТ Скопје Аеродром, Работнички, Блокотехна и Гостивар. Во Плејаут лигата, Шкупи кој во бараж против поразениот од финалето во Втората лига ќе бара опстанок во првата лига, го запиша и последниот пораз за оваа сезона - 76-87 од Вардар. АВ Охрид од кај Фени Индустри си замина со пораз од 85-63.