07.06.2021

„Честики до МЗТ за титулата. Најбитно е што ја завршивме сезоната како што треба, нема никој повреден и тоа многу радува“

Никола Караколев: „За нас и самото играње во финале е успех, одиме понатаму“

 

Ретко кој во Кавадарци очекуваше Еуро Никел 2005 да се избори за финале во кое кавадарчани беа и „аутсајдери“, но на крајот со голема борба во текот на целата серија го намачија аба-лигашот.

„Презадоволни сме од целата сезона. За нас и самото играње во финале е успех. На почетокот на сезоната не ни мислевме дека можеме да дојдеме од тука, но се изборивме машки и гиневме до крај.

Честики до МЗТ за титулата. Најбитно е што ја завршивме сезоната како што треба, нема никој повреден и тоа многу радува. Следува одмор па ќе видиме што како за следната сезона“ – констатираше по финалето, еден до најдобрите играчи на Еуро Никел 2005 не само во оваа серија, Никола Караколев.