15.03.2021

Крилото на Пелистер собра 35.индексни поени во победата над Гостивар

Никола Малешевиќ е најкорисниот играч на 17.коло од Првата лига

ФОТО (Димитар Петковски): Никола Малешевиќ (Пелистер)

По подолго време, оваа 17. рунда од шампионатот важи како комплетна. Односно викендов се одиграа сите шест планирани натпревари.

А во центарот на вниманието беше дуелот во салата „Младост“ во Гостивар, каде гостуваше лидерот на табелата, Пелистер.

„Зелено-белите“ го оправдаа тоа место, со убедлив триумф (100:80), во голема мерка и поради индивидуалниот ефект, пред сè, на првата петорка.

А најдобар меѓу најдобрите, е ефектот кој го реализираше Никола Малешевиќ, кој беше блиску до трипл-дабл ефект.

За 37:03 минути на теренот, реализираше 19. поени, имаше и девет скока, осум асистенции, две блокади, и по една овоена односно загубена топка.

Доволно за индекс-35.

Или само еден повеќе во однос на ефектот на Амир Смит. Ниското крило на ТФТ на средбата со Вардар, оствари 34.индексни поени. До нив дојде со монструозен дабл-дабл ефект од 20.поени и 19.скока (шест офанзивни) со висок процент на реализација од поле (9/17), дополнети со четири блокади за 28:52 минути во игра.

Следуваат двајца играчи со идентичен индекс - 30.

Игор Кесар од Пелистер и Роберт Рикиќ од Еуро Никел 2005 се дел од идеалните пет за ова коло.

Силното крило на „пелистерци“ го заврши мечот со Гостивар со 26.реализации (10/12 за два поени), шест скока, три асистенции, две загубени и една освоена топка за 37:57 минути на теренот.

Рикиќ пак имаше доста полесна задача во дуелот со прволигашот од Струга. Ги погоди сите седум обиди за два поени, а за 17.минути, постигна исто толку поени, плус и девет скока, четири асистенции и по две освоени, односно загубени топки.  

За одбележување е и ефектот на Отис Ливингстон. Бекот на Куманово 2009 собра 28. индексни поени во супер важната победа над Работнички.

Дуелот со фаворизираниот противник го заврши со  20.поени (7/10 во шутот од поле), дополнети со девет асистенции, два скока, две освоени и една загубена топка за 31:25 минути во игра.

ИДЕАЛНА ПЕТОРКА НА 17.КОЛО

(според индекс поени)

Никола Малешевиќ (Пелистер)          индекс-35

Амир Смит (ТФТ)   индекс-34

Игор Кесар (Пелистер)   индекс-30

Роберт Рикиќ (Еуро Никел 2005)        индекс-30

Отис Ливингстон (Куманово 2009)    индекс-28

ВТОРА ПЕТОРКА

(според индекс поени)

Џексон Дубински (Еуро Никел 2005) индекс-27

Бојан Трајковски (Пелистер)    индекс-26

Александар Тодоровиќ (Гостивар)    индекс-25

Теодор Атанасов (Академија ФМП)  индекс-23

Дамјан Робев (Куманово 2009)          индекс-22