Никола Василев, селекторот на нашиот национален тим „Под 18“ години е задоволен до досега прикажаното на „Челенџер“ турнирот во Скпје. Како што вели, секогаш може и подобро. Но во овој момент тоа е и некоја реална слика на можностите на оваа селекција.
Трите натпревари во „Кале“ дадоа и три разични слики за можностите на нашите јуниори.
Селекорот Василев дава кратка оценка на досега сработеното:
„Првиот натпревар со Хрватска го одигравме во грч. И не се покажавме во вистинско светло. А освен тоа, уште на самиот старт од мечот се повреди нашиот стартен плејмејкер Марин Петков. Без него имаме уште пократка ротација во екипата“- оценува Василев.
Малку поинакви беа работите на средбата со Грузија која ја решивме во наша корист.
„Со репрезентацијата на Грузија одигравме тврд натпревар, во кој на крајот победивме, момент кој донесе доста поголема самодоверба кај момците. Од друга страна, мислам дека против Шпанија почнавме со некој преголем респект, но во второто полувреме одигравме на добро ниво. Тоа ни донесе и шанса да дојдеме до некој егал. Не успеавме во тоа, и одиме понатаму“.
Вечерва од 21.часот, Василев и неговиот одбран тим ги чека дуел со селекцијата која, се чини ја познаваат најмногу. Србија е нашиот противник во четвртото коло од турнирот. Екипа со која игравме два натпревари во периодот на подготовките, и ги добивме двата, во Зрењанин.
„На вечерашниот натпревар со репрезентацијата на Србија која е непоразена на турнирот, ќе го дадеме максимумот. Тоа е основното, и искрено, се надеваме на позитивен резултат“- вели Василев.