19.02.2021 Нашиот бек ги изнесе своите први впечатоци по вториот неуспешен настап во Перм На прес-конференцијата по одигрувањето на средбата со Русија, говореа селекторот Александар Тодоров и Кристијан Николов. Нашиот бек ги изнесе своите први впечатоци по вториот неуспешен настап во Перм „Имавме тежок натпревар, добро се подготвивме, но нè стигна заморот по вчерашниот меч. Клучен момент беше скок-играта, беа многу подобри во тој елемент. Имаме ден за одмор и верувам, односно сигурен сум дека ќе дадеме сè од себе да ја победиме Италија. Без разлика на се што се случуваше, ние сме сплотени како никогаш досега. Ова е група од 15 кошаркари која секогаш е подготвена да даде се од себе за репрезентацијата“ - изјави Николов.