Машката сениорска репрезентација на Македонија од вечерва продолжува со тренажниот процес, а пред она што следува за неколку дена, последниот меч од претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година во Катар.
По „врзаните гостувања“, прво во Унгарија, а потоа и во Романија, нашите најдобри кошаркари по еден ден кој беше предвиден за одмор, продолжуваат со планираните активности.
Комплетниот играчки тим и стручниот штаб денеска се сместија во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, каде ќе бидат се до одигрувањето на четврттиот и последен меч од преквалификациската група „Е“, против репрезентацијата на Унгарија.
Закажан е за 20.август (среда), во СРЦ „Кале“ со почеток од 19.00 часот.

Сеноирите ќе тренираат вечерва, во периодот од 18 до 20.часот во СРЦ „Кале“.
Во наредните три дена, ќе се работи во истиот ритам, односно утрински тренинг од 10, попладневен од 18.часот, освен на 19. август, кога тренингот ќе биде во нешто поран термин, од 17.30 часот.
Стручниот штаб, предводен од селекторот Марјан Илиевски, испланира тренинг и за среда, на денот на одигрувањето на натпреварот со Унгарија, на 20. август.