Тие се сè популарни како во светот, во Европа, така и кај нас. Пленат со атракција, се она што го содржи кошаркарската игра е пренесено „долу на теренот“, оној наменет за оние вистински „баскетџии“.
Едне посебен дел од кошарката, на кој не само што не смее да се заборави, туку треба да биде уште „поприсутен“ од она што навистина беше во годината која е веќе зад нас.
Време, односно еден изминат период во кое големо внимание беше посветено токму на тој сегмент„3х3“, еден од најбрзо растечките во кошаркарскиот свет и на глобално ниво.
Квалификациски турнири, три на број, првиот на 24. јануари, наредниот на 28. февруари, а последниот на 28 март, сите во Скопје, на сосема различни и доста атрактивни локации.
Финалето на зимската „3х3“ лига беше одржано на 9. мај, но активностите продолжија и во текот на летото.
Веќе на 3. јули беше турнирот во Аеродром, една седмица подоцна следуваше и оној во „Сити Мол“ , а на 12 септември, „турот“ продолжи во Свети Николе.
На 26. септември беше предвидена и реализирана Европската недела на спортот во кое свое место најде и „3х3“.
На 24. октомври беше финалето на 2К21 летната лига, а веќе на 12 декември, следуваше и новиот почеток, првиот квалификациски турнир од Зимската 2к21/22 лига.
Импозантна бројка на турнири преку која и расте рејтингот на овој дел од кошаркарскиот спорт во нашата земја.
Во оваа наредната, продолжение, во уште посилно темпо. Веќе пред крајот на јанури следува и ново продолжение на новата сезона на зимската „3х3“ лига, нова можност за оние најактивни наши кошаркари да се стекнат со нови бодови во рангирањето на ФИБА преку кое ќе следува, а што е дел од плановите, формирање и на репрезентации во „3х3“, и уште поголемо зголемување на рејтингот кој го имаме во ФИБА во овој дел од кошарката.