На заедничкиот состанок на раководството на федерацијата и Здружението на прволигашите е направена измена во календарот
Новата натпреварувачка сезона 2020/2021 во Првата лига-мажи наместо на првобитниот планираниот термин 3. октомври, ќе почне седум дена подоцна, односно на 10. октомври.
Ова е одлуката која на заедничкиот состанок ја донесоа раководството на федерацијата и претставниците на клубовите од Првата лига-мажи.
Двете страни заклучија дека поради актуелниот момент, потребно e одложување на стартот на новата сезона за седум дена.