Во нешто изменет состав во однос на оној премиерен меч во „балонот“ на Перм, ќе настапи селекцијата на Италија против нашата најдобра селекција.
Селекторот Мео Сакети одново направи две промени во играчкиот ростер. За неделниот дуел, кој стартува во 13.часот, во Арената „Молот“ во Перм, Сакети одлупи да ги одмори Амедео Дела Вале и Амедео Теситори.
На нивното место во оние 12. играчи кои ќе бидат во записникот, се Симоне Заноти и Микеле Витали.
Теситори беше најдобриот играч на Италија во првиот меч со селекцијата на Македонија. Реализираше 18.поени, 6.скока и 3. асистенции и се заедно за 21.индексен поен, додека Дела Вале запиша осум поени, и по еден скок и асистенција во триумфот од (92:84).
Симоне Заноти, играч на Песаро, со своите 208 сантиметри ја покрива центарската позиција, додека пак нешто постариот, 29.годишниот Микеле Витали, играч на германскиот Бросе Бамберг, ќе конкурира за место во бековската линија.