Нашите кадетски репрезентативци против соодветната национална селекција на Босна и Херцеговина го запишаа вториот триумф на Европското првенство за кошаркари до 16 години кое се одигрува во Удине, Италија и тоа со 76-64 односно19-20, 14-14, 30-14, и 13-16 по делници.
Избраниците на Денис Дервишевиќ запишаа еден триумф во рамки на групната фаза, против Летонија, а во првиот натпревар од втората фаза (round of 16) запишаа пораз од Русија. Следеше дуел против Босна и Херцеговина за пласман од деветтото место до шеснаесеттото кој заврши со резултат во наша полза. Со победата над врсниците од Босна и Херцеговина кадетите обезбедија опстанок во А дивизија. Последните три рангирани земји идното лето ќе настапуваат во дивизија Б.
По ден предвиден за одмор (15. август) кадетите ќе продолжат со настапот на првенството, против репрезентацијата на Словенија со која ќе се бориме за пласман од деветтото до дванаесеттото место.
Натпреварот е закажан за 16. август, со почеток во 21:00 часот.